Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Во УЈИЕ се одржа меѓународна научна конференција за креативни и критички пристапи во литературата

На конференцијата беа присутни познати имиња од албанската литература како што се Бесник Мустафај, Јусуф Буџови и Агрон Туфа

Во петок (25 април) на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, започна дводневната меѓународна научна конференција на тема Креативни и критички пристапи во литературата.

Претседателот на Одборот на Универзитетот, проф. д-р Денис Фарингтон ја отвори конференцијата, додека советникот на ректорот проф. Демуш Бајрами имаше главно излагање. „Ние не можеме да ја сокриеме нашата радост во текот на овие два дена бидејќи со нас се големите писатели од албанската литература, кои не почестија со нивните дела;ехото на нивните трудови е насекаде каде што има потреба да се зборува како општество и како нација“, рече Бајрами. Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникација, проф. д-р Бенџамин Китинг, ја поздрави конференцијата.

Претседателот на Организацискиот совет на конференцијата , доц. д-р Влера Ејупи, рече дека на конференцијата се собраа истакнати личности од албанската и од странската литература и тие ќе обезбедат форум за дебатирање на различни теми од албанската реалност, почнувајќи од почетоците на албанската и светската литература и во исто време од минатото до денес.

Писателот и универзитетскиот професор Агрон Туфа зборуваше за тематската важност на конференцијата и ја истакна улогата на литературата и на писателот во денешно време како и предизвиците од спротивставувањето на идеологијата во тоа време.

Во текот на конференцијата се промовираше и книгата од Јусуф Буџови „Последниот јаничар“. Зборувајќи за книгата авторот рече дека се чувствува многу добро во овој важен Европски универзитет , каде што познати писатели и публицисти ги промовираат своите дела. Во книгата „Последниот јаничар“се разработува посебниот историски момент на османлиската империја и особено последните моменти од деструкцијата на воената формација-јаничари. „Меѓусебната поврзаност помеѓу јаничарите и Албанците е значителна, затоа што Албанците ја создадоа оваа моќна воена формација преку која стигнаа до највисоките позиции во Османлиската хиерархија, рече Буџови. Литературниот критичар Рамадан Муслиу ја опиша книгата како „новела-катарза“ и „новела за нас и за историјата која се повторува“.

На Конференцијата се отвори и изложба од познатиот албански сликар Заке Прелвукај.

Google+