Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Бајрами: УЈИЕ е модел на универзитет основан и признат од САД и од ЕУ

Бајрами: УЈИЕ е модел на универзитет основан и признат од САД и од ЕУ

„Денес вие сте на универзитет лидер во Македонија и во регионов – Универзитет на Југоисточна Европа во Тетово. Нашиот универзитет е институција модел во високото образование која е основана и призната од сите: САД, ЕУ и Република Македонија затоа што нашата работа и напорите се поддржани со извонредни резултати. Ние се стремиме да осигуриме понатамошен развој и подобрување на квалитетот во Македонија и во регионов, да поттикнеме хармонизација на мобилност на студентите според Европскиот високообразовен простор и САД. Така, вие утре ќе бидете подобро подготвен кадар за пазарот на трудот “ рече советникот на ректорот за односи со јавност и комуникации, Демуш Бајрами пред повеќе од илјада студенти кои дојдоа од градовите во Македонија, Косово и Прешевската долина, на Отворениот ден на овој универзитет.

Во текот на отворениот ден се презентираше академската понуда 2014/15, каде според Конкурсот за запишување студенти се очекува да се запишат околу 1300 студенти на пет факултети:Факултет за современи науки и технологии, Факултет за бизнис и економија, Правен факултет, Факултет за јавна администрација и политички науки и Факултетот за јазици, култури и комуникации.

Г. Бајрами ги спомена многубројните стипендии, кои имаат клучна улога во отстранувањето на финансиските бариери за да се запишат на нашиот универзитет и да имаат директно влијание врз развојот на општеството базирано на знаење.

Google+