Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ го објави Конкурсот за запишување студенти

Во новата академска година ќе се понудат 17 програми на додипломски студии, 34 програми на магистерски студии и 9 програми на докторски студии.

Врз основа на Одлуката на Сенатот, Универзитетот на Југоисточна Европа во петок (28 март 2014 год.) го објави Конкурсот за запишување студенти во академската 2014/2015 година. Ректорот на УЈИЕ, проф. д-р Замир Дика на конференцијата за печат рече дека Конкурсот е интегриран и ги содржи трите циклуси на студии – додипломски, магистерски и докторски студии.

Оваа академска година ние ќе понудиме 17 програми на додипломски студии, 34 програми намагистерски студии според моделот 3 плус 2 или 4 плус 1. Ние сме единствените во регионов кои нудиме он-лајн програми за четири студиски програми во првиот и во вториот циклус на студии. Исто така, оваа година ние ќе продолжиме со понудата на докторски студии преку докторската школа со понуда од 9 акредитирани студиски програми за третиот циклус на студии“, рече ректорот Дика.

Во новата академска година во УЈИЕ се очекува приближно да се запишат 1300 студенти , бројка одредена во согласност со меѓународните стандарди според соодносот студенти и академски кадар.

„Конкурсот ќе се реализира преку петте факултети на УЈИЕ : Факултет за бизнис и економија, Факултет за современи науки и технологии , Факултет за јавна администрација и политички науки, Правен факултет и Факултет за јазици, култури и комуникација “ рече ректорот Дика.

Google+