Церемонијата на доделување награди на националниот натпревар на Македонија во пишување есеи, кој се организира веќе втора година по ред, во партнерство меѓу Јазичниот центар на УЈИЕ, Националната асоцијација на професори по англиски јазик (ЕЛТАМ) и Мировниот корпус, се одржа во понеделник, на 24.03.2014 во Амбасадата на САД во Скопје. Беса Битиќи, која го претставуваше Јазичниот центар, им врачи подароци на победниците. Оваа година, во три категории, се натпреваруваа 460 студенти од приватни и државни училишта во Македонија со есеи на тема:„Зошто е важно да се изучува втор јазик?“ Американскиот амбасадор - неговата Екселенција г-дин. Пол Волерс, како домаќин на церемонијата, го изрази своето задоволство од натпреварот и упати благодарност до УЈИЕ за поддршката и придонесот во промовирањето на изучувањето на англискиот јазик во државата и учеството во вакви настани.
Доделување награди на националниот натпревар на Македонија во пишување есеи
31 март 2014Доделување награди на националниот натпревар на Македонија во пишување есеи
Повеќе вести
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ
- УЈИЕ го продлабочува партнерството со Амбасадата на САД преку алумни-мрежата
- Насловот: Институтот „Макс ван дер Штул" при УЈИЕ ко-организира меѓународна конференција „ОРД 25+: Лекции, наследства, хоризонти"
- УЈИЕ беше домаќин на 4. конференција CEE-Loc за студии за локална самоуправа