Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет одржа предавање на УЈИЕ

Амбасадорот на ОБСЕ, Брет, рече дека тој секогаш ги вреднувал предавањата како што се циклусот предавања со меѓународни дипломати организирани од Институтот за научни истражувања „Макс ван дер Штул“ и воедно рече дека „овој вид предавања се обид за да се изгради мост меѓу различните прашања и теми за подобра перспектива“.

Само посветена генерација ќе биде во можност да креира демократија. Само човек кој ја разбира својата земја со сета историја и предизвиците и кој е во можност да го види тоа од различни агли, може да направи избор на гласачкото место. Дискусијата во општеството е од суштинско значење за функционирање на демократијата беше воведот на обраќањето на амбасадорот на ОБСЕ во Македонија Ралф Брет пред студентите и пред кадарот на Универзитетот на ЈИЕ зборувајќи за „ Додадените вредности за земјата на Мисијата на ОБСЕ“ во рамките на настанот организиран од Институтот за научни истражувања во рамките на циклусот предавања со дипломати.

Амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет објасни дека главната цел на ОБСЕ е да овозможи на општеството да ги реши сите видови конфликти кои можат да постојат во нивните земји. „Јас не зборувам само за директна воена закана. Конфликти може да произлезат од многу други прашања како што се сиромаштијата, дефицитите во судството, прашањата за малцинства, слободата на медиумите, недостатокот на добро образование или за еколошки опасности кои можат да се развијат во закана за безбедноста со текот на времето.“ Тој потсети дека мисијата на ОБСЕ во Скопје е да помогне во оваа земја никогаш да не се повторат 2001 година и нов вооружен конфликт. Тој рече дека е убеден дека огромното мнозинство од луѓето ќе се согласат со оваа цел.

Во рамките на дикусијата со студентите и со истражувачите на УЈИЕ тој даде објаснување заобластите на кои ОБСЕ е главно фокусиран, а меѓу другото тоа се: меѓуетничките односи, спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и помошта на земјава да ги развие услугите одполицијата во општеството во согласност со меѓународните стандарди за човекови права, напредокот наполициските реформи, како и обука за борба против организираниот криминал и др. Шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје ги објасни и улогата и очекувањата на ОБСЕ за претстојните избори во Македонија.Ние како теренска мисија изведуваме мониторинг на безбедносната ситуација во текот на изборите, но мисијата на ОДИХР е набљудување на изборните процедури.

Амбасадорот Брет потсети дека поранешниот комесар на ОБСЕ Макс ван дер Штул секогаш бил заинтересиран за иднината на регионов. „Макс ван дер Штул секогаш беше многу заинтересиран за иднината на Универзитетот на ЈИЕ. Неговиот придонес е единствен и тој припаѓаше на генерацијата што го остави светот во подобра состојба од таа што тие ја имаат наследено“, рече амбасадорот на ОБСЕ Ралф Брет во циклусот на предавања од меѓународни дипломати од Научниот институт „Макс ван дер Штул“ на УЈИЕ на 26 март во Универзитетскиот кампус, во Тетово.

Google+