Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Меморандум за соработка помеѓу УЈИЕ и ЕВН

Во вторник (25.03.2014), Универзитетот на Југоисточна Европа и компанијата ЕВН Македонија ја формализираа соработката со потпишување меморандум за соработка за стажирање на студентите (практична работа).

Во рамките на овој меморандум, студентите од УЈИЕ ќе имаат можност да изведуваат стажирања во единиците и подружниците на ЕВН Македонија.

Со меморандумот се предвидува студентите од сите студиски програми на УЈИЕ да бидат ангажирани за стажирање во ЕВН со што ќе им се овозможи да бидат вклучени во реални и практични задачи во компанија.

Студентите ќе бидат распределени во различни единици и оддели во зависност од профилот и интересите на студентите.

Дополнително на програмите за стажирање на УЈИЕ, претставниците од институциите го дискутираа вклучувањето на студентите во програмите за обука и за вработување во компанијата, преку посети од претставници на компанијата на Кампусот на УЈИЕ за да се зајакнат вештините за вработување на студентите и како и други можности за соработка во други области.

Google+