Магистерската теза насловена ,,Истражување врз улогата на универзитетските предавачи во зајакнувањето на мотивацијата кај студентите” се одбрани во присуство на тричлената комисија: д-р Бенџамин Кинтинг, (претседател на комисијата), проф.д-р Сами Ибраими (член) и проф. д-р Џуди С.Ричардсон – почесен професор (ментор). Менторот беше присутен на оваа јавна одбрана со директна врска од Вирџинија Комонвелт Универзитетот Ричмонд, Вирџинија, САД) со ЈИЕУ преку видео конференција.
Ова беше амбициозен и ефикасен обид на кандидатот при воведувањето на нов пристап во одбрана на теза и во исто време и пробивање за другите. Овој уникатен начин на одбрана на теза е во согласност со најновите трендови кои ЈИЕУ ги следи нудејќи повеќе можности за извонредни достигнувања повеќе од било каде.
На 24 ти јуни , 2009 кандидатот Иранда Бајрами од Факултетот за јазици, култури и комуникација – студиска програма Настава по англиски јазик, лектор во Јазичниот центар (ЈИЕУ) успешно ја одбрани магистерската теза. Оваа одбрана заслужува посебно внимание затоа што е прва одбрана преку видео конференција на ЈИЕУ.