Студентите, академскиот и административниот кадар на Универзитетот се здружија заедно за да го одбележат неговото наследство.
Овој настан се совпадна со два дена на Обединетите нации „Денот на среќата“ и „Денот против расната дискриминација“.
Презентации одржаа проректорот за академски работи, проф. д-р Ендру Гудспид, советникот за квалитет Хедер Хеншоу и доц. д-р Агим Пошка од Центарот за културна интерактивност и дијалог. Тие зборуваа за животот и достигнувањата на Мандела во промовирањата на слободата и борбата против расната дискриминација како и за темите поврзани со протест, помирување, образование и локалните лекции кои можат да се научат.
Студентите од Одделот за комуникации на Факултетот за јазици, култури и комуникација премиерно прикажаа видео шоу со интервјуа со кадарот и со студентите за тоа што значи слободата за нив. Имаше изложба за студентската работа на Мандела, постери со цитати од Мандела низ целиот Кампус и табла за пишување графити каде што секој може да напише „Што значи слободатa“ . Ова беше шанса да се извлечат позитивните пораки од Нелсон Мандела како што се:
„Младите мора да преземат иницијатива за да се осигурат дека го стекнале највисокото можно образование и како идни лидери најдобро да нѐ претставуваат во иднина“
„Нека владее слободата. Сонцето никогаш нема да зајде на тоа величествено човеково достигнување.“
