Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Плодна соработка на УЈИЕ и Универзитетот за образование во Хајделберг

Плодна соработка на УЈИЕ и Универзитетот за образование во Хајделберг

На 16февруари 2014, одговорниот на Одделот за германски јазик на УЈИЕ, проф.д-р Гзим Џафери , реализираше работна посета во Универзитетот во Хајделберг каде оствари средба со заменик-ректорот за истражување и интернационализација проф.д-р Бернвард Ланге; одговорниот на Одделот по германски јазик проф.д-р Катрин Вах и одговорниот на канцеларијата за меѓународни односи, г-ѓа Хенрике Шонд.

Во текот на овие состаноци , тој ги информираше германските колеги за активностите за истражување и интернационализација на УЈИЕ, додека од германската страна го информираа за истражувањето и интернационализацијата и за другите области на Универзитетот во Хајделберг. Во текот на разговорите и двете страни се согласија за остварување плодна соработка меѓу засегнатите оддели , особено во рамките на програмата Еразмус +,преку која ќе се промовира мобилноста на студентите и на предавачите од зимскиот семестар 2014 година.

Google+