Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Италијанската амбасада ја продлабочува соработката со УЈИЕ

Повторното воведување на италијанскиот јазик како изборен предмет и продлабочување на научната соработка со институтот „Макс ван дер Штул“ , беа главните теми на состанокот помеѓу ректорот проф. д-р Замир Дика и претставниците на Италијанската амбасада во Македонија.

Во вторник (25 февруари 2014), заменик-амбасадорот на Италија , неговата екселенција Филипо Кандела и аташето за култура Алесандра Ксенија- Јелен, релизираа посета на Универзитетот на Југоисточна Европа , каде што се сретнаа со ректорот проф.д-р Дика, проректорот за истражување, проф. д-р Блерим Река и директорот на Институтот „Макс ван дер Штул“ проф. д-р Ветон Латифи.

Главната тема на состанокот беше продлабочување на соработката меѓу Институтот „Макс ван дер Штул“ и Италијанскиот истражувачки институт и универзитетите како и за можноста за воведување на италијанскиот јазик како изборен предмет на УЈИЕ. Во однос на идејата и двете страни изразија интерес за повторно воведување на италијанскиот јазик во наставната програма на УЈИЕ и италијанската амбасада изрази подготвеност да помогне во таа насока.

Ректорот Дика направи ретроспектива на соработката меѓу УЈИЕ, амбасадата и Италијанските универзитети. Тој ги презентираше реализираните проекти, финансирани и поддржани од Италијанската Влада.

Аташето за култура , г-ѓа Ксенија Јелен, зборуваше за соработката и поддршката од Италијанската амбасада и Одделот за култура во амбасадата, во однос на воспоставување соработка со универзитети и Италијански образовни и истражувачки институции.

За да се одбележи Италијанското претседателство со Европската унија во 2015,учесниците на состанокот дискутираа за идејата за организирање културен настан , чија цел би била подобро запознавање на Арбрешите во Италија.

Страните се согласија за продлабочување на идната соработка со цел да ги зајакнат врските на меѓусебната соработка во областите на образованието и науката.

Google+