Во вторник, 29 март 2011 година, ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа (УЈИЕ), проф. д-р Замир Дика, го прими својот колега од Меѓународниот Балкански Универзитет (МБУ) во Скопје, со кој потпишаа меморандум за разбирање за академска соработка. Во фокусот на овој меморандум се прашања од заеднички интерес од академската област.
Двајцата ректори се согласија да ја промовираат меѓусебната соработка и меѓусебната размена во согласност со статутите на двета универзитети.
