Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU

На последниот состанок на Стратешкиот одбор на Европската универзитетска алијанса, во рамките на проектот ChallengeEU, одржан на Универзитет за природни науки и технологии на Латвија (LBTU), беше потпишан Договорот за прием на Универзитетот во Запорожје, Украина, како асоцијативен член на Алијансата.

Проширувањето на Алијансата создава нови можности за мултилатерална и билатерална соработка меѓу универзитетите членки.

На состанокот беше разгледан и Извештајот за напредокот во првите 18 месеци од проектот. УЈИЕ беше оценет меѓу 2-3 членки кои имаат најдобри резултати и ги исполнуваат досега поставените цели.

Во рамките на проектот, УЈИЕ е носител и одговорен за Работниот пакет 2 (WP2), посветен на развојот на дигитализацијата во деветте европски универзитети членки на Алијансата.

Google+