На настанот беа присутни и многу родители, кои заедно со матурантите имаа можност одблизу да се запознаат со универзитетската средина студиските програми и условите кои ги нуди УЈИЕ за студирање и за професионален развој.
Активноста започна со официјално отворање, по што следеа презентации на факултетите на посебни штандови, каде посетителите добиваа директни информации од академскиот кадар и од студентите. Во рамки на програмата беа организирани практични демонстрации и интерактивни активности, вклучувајќи симулации во форензичката лабораторија, експерименти од социјалните науки, симулации во лабораторијата за виртуелна и аугментирана реалност, како и презентации на Факултетот за здравствени науки со техники за прва помош и терапевтски демонстрации. Факултетот за бизнис и економија, пак, го одржа натпреварот за „Најдобар бизнис-план“, каде матурантите презентираа бројни креативни идеи.
Програмата вклучуваше и прошетка низ универзитетскиот кампус, при што матурантите ги посетија Ректоратот, библиотеката, лабораториите, студентскиот дом и предавалните, запознавајќи се со секојдневното функционирање на Универзитетот.
Атмосферата беше збогатена со спортски активности во организација на Студентското собрание и асоцијација, уметнички содржини во библиотеката „Макс ван дер Штул“ и музичка програма, што го направи овој ден целосно информативно и забавно искуство.
Отворениот ден на УЈИЕ уште еднаш го потврди високиот интерес на младите за квалитетно образование и можностите кои ги нуди оваа институција за градење на нивната идна кариера.
