Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Визитинг-професорите на УЈИЕ со докажана професионална репутација

Универзитетот на Југоисточна Европа го проширува меѓународниот кадар со реномирани професори докажани не само во својата професија, туку и во наставата.

Веста за ангажирање на проф. Сем Вакнин, кој овој семестар ќе предава предмети на Факултетот за бизнис и економија и на Факултетот за современи општествени науки е проследена со голем ентузијазам во матичната институција на проф. Вакнин, т.е. Комонвелтскиот институт за напредни и професионални студии (CIAPS - Commonwealth Institute of Advanced and Professional Studies).

На веб-страницата на овој Институт веста за овој ангажман е опишана како добра можност за меѓусебна соработка помеѓу УЈИЕ и CIAPS.

Во овој напис се наведува дека изборот е објавен со писмо потпишано од ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф.д-р Абдулменаф Беџети, кој го одобрил ангажманот.

Во однос на посветеноста, директорот на CIAPS, проф. Ентони Кила, коментира дека нема сомнеж дека придонесот на Сем Вакнин во УЈИЕ ќе биде вреден. Тој се надева дека оваа заложба ќе го означи почетокот на плодната соработка помеѓу УЈИЕ и CIAPS.

Како дел од меѓународниот кадар на Универзитетот на Југоисточна Европа, има и професори во рамките на програмата Фулбрајт од САД и од европските универзитети, со кои УЈИЕ има имплементирано договори за соработка.

Врската за веста објавена на CIAPS е следна: https://ciaps.org/seeu-appoints-ciaps-faculty-member-as-visiting-professor/

Google+