COVID-19 Information

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Јавен повик за трудови - SEEU Review

Краен рок са доставување на трудови е 30 април 2012!

Јавен повик за трудови - SEEU Review

Vol. 8 Nr. 1

SEEU Reviewе научно списание со меѓународен карактер, кoeсе издава од Универзитетот на Југоисточна Европа и има за цел да обезбеди меѓународен форум за истражување, анализи и дебати од различни области како што се: правото, економијата, јавната администрација, меѓународните односи, политичките науки, јазиците, комуникацијата, технолошките науки, животната средина и др.

Списанието има за цел да издава оригинална работа која демонстрира актуелност и релевантност од полето на студии. Доставуваните трудови ќе бидат рецензирани од страна на анонимни рецензенти од специфични области вклучени во списанието.

SEEU Reviewсе издава два пати годишно.

Упатства за доставување на трудови

Предадените ракописи не треба да бидат дадени на разгледување за издавање на некое друго место и доколку ракописот биде избран за издавање авторите треба да му доделат авторски права на Универзитетот на Југоисточна Европа.

Пожелно е ракописите да бидат на англиски јазик но и оние кои ќе бидат доставени на македонски и албански јазик ќе се разгледуваат под посебни услови. Ракописите треба да бидат доставени до уредникот преку е-маил на следнава адреса: review@seeu.edu.mk

Авторите треба да ги доставуваат статиите електронски до Научното списание на УЈИЕ во микрософт ворд формат и сите ракописи пред да се доставаат треба да бидат лекторирани од од лектори чиј мајчин јазик е англискиот. Сите материјали кои ќе бидат доставени треба да го следат стилот за формат и референци APA (American Psychological Association). Ракописите треба да содржат најмногу 8000 зборови вклучувајќи го тука и апстрактот (кој треба да биде да содржи од 200 до 300 зборови), референците и другите елементи.

Целосниот ракопис вклучувајќи го и апстркактот, референтната листа, и табелите треба да бидат презентирани во А4 формат печатени со единечен проред со големина на букви 12 во тајмс њу роман (TimesNewRoman). Треба да се започне со насловната страна на која ќе биде наведен насловот на трудот, името на авторот, институцијата и адресата за коресподенција, е-маил адресата, предложените кратки наслови за поглавјата и од три до пет клучни зборови. На следната страна треба да се стави називот на статијата и апстрактот а потоа да се продолжи со содржината на статијата. Сите страни мора да се нумерирани.

Авторите не треба да користат бројки. Доколку постои причина за употреба на бројки авторите мора да достават оригинални електронски копии во EPS, TIF, или во висока резолуција воJPGформат. Доколку има табели тие не треба да бидат направени во Excelтуку во MicrosoftWord

Краен рок са доставување на трудови е 30 април 2012!

Google+