Со ова Универзитетот се приближувапоблиску до потребите на општеството и на индустријата преку подобрувањена истражувачкиот профил на Универзитетот во согласност со современите трендови и за изнаоѓање иновативни решенија за зајакнување на капацитетот на малите и средни претпријатија.
„Идните генерации кои доаѓаат да студираат на УЈИЕ ќе го добијат соодветното знаење потребно за пазарот на трудот , затоа што во нашите студиски програми е интегрирано најдоброто од нашите академски и културни различности“, рече ректорот, проф. д-р Замир Дика.
Според објавениот Конкурс, УЈИЕ во Тетово и во Скопје нуди 17 додипломски студиски програми, 23 магистерски програми и 12 програми на докторски студии.