COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Ориентациони денови на УЈИЕ - традиционални приеми за бруцоши

Во рамките на активностите „Ориентациони денови“ и почетокот на новата академска година, со свечена церемонија ,со почитување на здравствените протоколи, денес (22.09.2021), на Универзитетот на Југоисточна Европа, на Кампусот во Тетово и во Скопје се одржаа традиционални приеми на студентите од прва година.



Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д -р Абдулменаф Беџети им посака срдечно добредојде на новите студенти. Тој особено ја поздрави првата група меѓународни студенти од Таџикистан. Ректорот Беџети им рече на студентите дека дошле на најдобриот универзитетски кампус во регионов.

„Универзитетот на Југоисточна Европа претставува единствена и специфична средина, не само во физичка, инфраструктурна смисла на прекрасниот кампус, туку пред сѐ поради толерантната, флексибилна, мултикултурна, повеќејазична средина. Ова не може се најде на ниту еден друг универзитет во регионот и под ова мислам на Западен Балкан, а можеби и пошироко “ истакна во обраќањето до студентите ректорот Беџети.

„Не е важно само во знаењето, што го апсорбирате , однесувањето е исто толку важно. Идниот работодавец ќе го земе предвид вашиот карактер, подготовката, однесувањето, аргументите за тоа како просудувате се одразуваат на тоа како ги извршувате задачите во животот. Значи комплекс на работи за да се биде среќен, тоа е задоволството од животот. Денес, дури и најрелевантните институции не го мерат квалитетот на животот само на материјална и финансиска основа, туку и го мерат задоволството што го имаме во животот. “, истакна меѓу другото ректорот Беџети.

Претседателот на Студентското собрание Агрон Демири, им посака успешна година на студентите и ги увери да бидат сигурни за нивната иднина бидејќи го избрале најдобриот Универзитет.

„Вие денес влегувате во важна фаза, кога ќе почнете да ја градите вашата професионална иднина. Нам студентите од УЈИЕ ни е малку полесно. Ова е затоа што ние сме центарот, ние сме столбот на Универзитетот. Студентското собрание и асоцијација неуморно беа и се во служба на студентите и се застапени во сите органи на Универзитетот кажа меѓу другото Демири.“

Демири ја сподели информацијата дека посебно за студентите денес има пункт за вакцинација и дека Универзитетот овозможи секој професор и кадар да се вакцинира, ние му должиме на Универзитетот бидејќи сме вакцинирани .

По церемонијата, во рамките на процесот на учење сите студенти продолжија со предавања и други активности.

Google+