COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

УЈИЕ учесник на вежбата на НАТО за справување со кризи во Охрид

Вежбата „СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА 2021“, коорганизирана од Евро-атлантскиот координативен центар за одговор при катастрофи (EADRCC) и Центарот за управување со кризи во Северна Македонија, ќе се спроведе од 20 до 23 септември 2021 година на подрачјето на Охрид и Струга, Северна Македонија.



На настанот присуствува и ректорот на УЈИЕ, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во делот на вип-гостите, на кој присуствува и помошникот на генералниот секретар на НАТО, Џон Меаза; министерот за внатрешни работи на Северна Македонија, Оливер Спасовски; и други важни гости. Ректорот Беџети ќе има работна вечера, на која особено ќе се дискутира за истражувачките капацитети на Универзитетот.

Модератор на вип-симпозиумот беше директорот на Институтот "Макс Ван дер Штул" проф.д-р Вели Креци.

Како истражувачи, во рамките на проектот NICS – Напреден систем за централно следење и управување , учествуваат професори од Факултетот за современи науки и технологии, Висар Шеху, Адриан Бесими, Агрон Чауши и студентите Шќипе Алии и Али Сулејмани.

Истражувачите на УЈИЕ ќе презентираат системи развиени од нив во областа на зголемена виртуелна реалност, употреба на дронови во итни ситуации и тридимензионално моделирање на теренот.

Целта на оваа активност е зајакнување на капацитетите на земјите -членки на НАТО, како да дејствуваат заедно во случај на кризи.

На настанот учествуваат спасувачки тимови од многу земји на НАТО.

Google+