Работилницата беше организирана од Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство од Скопје (ФИНКИ)и од Универзитетот на Југоисточна Европа. Право на учество имаа 20 студенти од 2. и 3. година од ФИНКИ и 20 студенти од УЈИЕ.
Студентите кои успешно го положија испитот кој беше предвиден во рамките на работилницата, стекнаа 3 кредита кои дополнително ќе бидат признаени од соодветните факултети.