Преку овој проект , младите на возраст од 18-28 години ќе имаат можност да се здобијат со теоретско и практично знаење и невербални, вербални и писмени комуникациски вештини, вештини за лесно вклучување во новата работна средина , квалитетна подготовка на биографија, однесување при интервју за вработување , здобивање менаџерски вештини и вовед во содржините и техниките за дизајнирање бизнис план. Предавачи од Универзитетот на Југоисточна Европа ќе бидат доц. д-р Веланд Рамадани и доц. д-р Гадаф Реџепи, додека претставници од деловниот сектор ќе бидат г. Мухарем Муртезани сопственик на компанијата Алма-М и г. Џемаил Даути, сопственик на компанијата Даути –Комерц ,кои се исто така важни стејкхолдери на нашиов Универзитет.
Обука за поддршка при вработувањето на младите
27 мај 2013Министерството за економија во соработка со Универзитетот на Југоисточна Европа и деловниот сектор во тек на периодот од 27 до 30 мај 2013 год. во просториите на Центарот на УЈИЕ во Скопје ќе го реализира проектот „Обука за поддршка при вработување на младите“.
Повеќе вести
- УЈИЕ беше домаќин на делегација од Универзитетот во Вармија и Мазури во рамките на соработката и академската размена во ChallengeEU
- УЈИЕ ја зајакнува својата улога во Европската алијанса - ChallengeEU
- Светската банка го претстави годишниот извештај и одржа дискусија со академската заедница на УЈИЕ
- Француската алијанса во Тетово одбележа 25 години постоење во УЈИЕ
- УЈИЕ го продлабочува партнерството со Амбасадата на САД преку алумни-мрежата
- Насловот: Институтот „Макс ван дер Штул" при УЈИЕ ко-организира меѓународна конференција „ОРД 25+: Лекции, наследства, хоризонти"
- УЈИЕ беше домаќин на 4. конференција CEE-Loc за студии за локална самоуправа