Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се прогласија добитниците на наградите за најдобар истражувач и за работник на годината

Во рамките на неделата предвидена за обуки во УЈИЕ, која започна во понеделникот (16 јануари 2013 година), се прогласија победниците на наградата за најдобар проект за настава и за истражување на годината како и за извонредност во работењето за академскиот и за административниот кадар.

Луиза Зеќири е добитиник на наградата за најдобар проект од областа на наставата и учењето.Проектите беа оценувани од познатиот професор од Универзитетот во Лунд, Томас Олсон. Оваа награда се доделува по трет пат.

Добитник на наградата за извонредност во работа за академската 2011/2012 година е Нуриман Бејтули, а на сите номинирани (вкупно 11) им беа доделени признанија. Оваа награда се доделува за прв пат на нашиов Универзитет и ќе биде традиционална.

Во текот на оваа недела беа одржани обуки во различни области како што се менаџирање со квалитет, истражување, комуникација и др.

Google+