Премиерот Бериша им честита на гостите од Македонија за нивните заложби за развојот на високото образование на албански јазик во Македонија и воедно го пофали придонесот на академската заедница на двата универзитети.
Албанскиот премиер одржа презентација и преглед на развоите и реформите во областа на високото образование како и чекорите кои ги презема Албанската влада кон економски напредок и развој на инфраструктурата.
Делегацијата на универзитетите од Македонија на состанокот го информираа премиерот Бериша за развојот на институциите кои тие ги управуваат и ги истакнаа нивните ставови во однос на образовната политика во регионов и пошироко. Тие исто така ја презентираа идејата за можностите за продлабочување на соработката меѓу високообразовните институции и академските заедници од Албанија и од Македонија.
