Ректорот Дика го запопзна амбасадорот Волерс со заедничките активности на Одборот и менаџментот на Универзитетот и со наприте кои се вложуваат за да им се овозможи на студентите да студираат според европски и американски стандарди на високото образование. Тој го информираше амбасадорот Волерс во однос на интрументите за мерење на перформансата со цел зачувување на овие академски стандарди . „ Универзитетот на Југоисточна Европа ги има сите предуслови за да има клучна улога при соочувањето со академските предизвицо во земјава и во регионов , притоа знаејќи дека студентите како главен производ на овој универзитет се тие од кои се очекува да бидат генератори на напредокот. Со стекнатите знаења и интелектуалниот потенцијал тие ќе можат да одговорат на предизвиците на времето“ потенцираше ректорот Дика.
Амбасадорот на САД, Пол Волерс на оваа средба го охрабри ректорот да продолжи и понатаму со развојните чекори на овој Универзитет со меѓународна репутација.
Амбасадорот Волерс имаше посебна средба со најдобрите идни дипломци на кои им даде поддршка и ги поттикна за идните предизвици. „Вие , денес се здобивте со неколку средства , но сега ќе зависи од вас како ќе ги употребите тие средства во вашата професија и вашатра карера“рече меѓу другото амабасадорот Волерс.
