Настанот го отвори советничката за односи со заедницата и меѓународни односи на УЈИЕ, проф. д-р Беса Арифи, која ја истакна важноста од активно користење на платформите и на можностите за аплицирање во НАТО.
Претставничката на НАТО, Дорка Бала-Џонсон, ги сподели своето практично искуство и детални информации за програмите на организацијата, со посебен фокус на програмата за практикантска работа (Internship). Д-р Благој Делипетров, архитект за вештачка интелигенција во НАТО, го претстави своето лично искуство во седиштето на Алијансата, појаснувајќи го целиот процес на вработување – од аплицирањето на порталот за кариера, па сè до писмените тестови и интервјуата базирани на компетенции.
На крајот од презентацијата се одржа интерактивна сесија со прашања и одговори, каде што студентите и кадарот добија корисни совети за градење кариера во меѓународни организации.
