Во воведното излагање, проректорката за меѓународна соработка и за истражување, проф. д-р Беса Арифи истакна дека конференцијата нуди вредна платформа за истражувачите, за практичарите и за студентите да разменат идеи, да истражуваат и да се вклучат во вистински дијалог.
„Преку вакви заеднички напори можеме да се справиме со предизвиците и со можностите, осигурувајќи хуманитарните и општествените науки да продолжат да напредуваат и да се развиваат“, рече меѓу другото проректорката Арифи.
Деканот на Факултетот за јазици, култури и комуникации во УЈИЕ, вели дека целта на оваа научна конференција е да се зачува албанскиот јазик, но и другите јазици.
„Конференцијата има за цел да создаде заштитни механизми од таканаречениот културен империјализам што се случува во време на глобализација, во време на технологии, згора на тоа, на конференцијата ќе се дискутира за зачувување на вокацијата, за зачувување на она што е норма на лингвистичко правило на секој јазик затоа што ако ги погледнеме и препораките на УНЕСКО во однос на заштитата на јазиците има случаи каде што во рок од две недели еден јазик може да се оддалечи од својата лингвистичка реалност и поради тоа ние треба да внимаваме на оваа опасност“, истакна деканот Бајрами.
Конференцијата се одвиваше во пленарни сесии, додека главни говорници беа: Александра Грин, академски директор и испитувач во Кембриџ и проф. д-р Ендрју Гудспид, од Факултетот за јазици, култури и комуникација.
Координаторка на Конференцијата беше професорката од Факултетот за јазици, култури и комуникација, Мерал Весели.
