Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Се одржа Саемот за кариера - Можности за вработување на студенти на УЈИЕ

Над 50 компании, студенти и гости учествуваа на Саемот за кариера, кој се одржа денес (14.05.2024 год.), во Кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во организација на Центарот за кариера.

Ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, во своето излагање на отворањето, особено им се заблагодари на компаниите-учеснички и истакна дека овој интерес му помага и го корiгира Универзитетот во нивните барања и потреби од квалификуван кадар прилагоден на трендовите на пазарот.

„Вашето присуство прво ни помага, но и не коригира за вашите барања, како потреба на бизнис-заедницата. Нашиот центар за кариера прави напори да го одржуваме се поактивен овој триаголник, кој веќе го негуваме во рамките на нашите можности, секогаш во тесна соработка со компаниите, прво да ги видиме нивните потреби, второ да ги слушнеме нивните барања и трето да контактираме со нашите потенцијални студенти, вашите вработени не само за вработување, туку и за практична работа“, истакна ректорот Беџети.

„Пазарот на труд истовремено бара над десет илјади работни места на државно ниво, додека од друга страна има десетици илјади кои бараат работа. Оваа асиметрија за нас во високото образование е показател дека мораме да ги создадеме потребните профили за вас и за заедницата воопшто“, истакна меѓу другото ректорот Беџети.

Саемот за кариера се одржува по шеснаесетти пат и им овозможува на студентите да запознаат значителен број потенцијални работодавци, да ја прошират својата мрежа и да ги зголемат можностите за потенцијално ангажирање во практична работа.

Оваа активност беше помогната и поддржана од Студентското собрание и студентската асоцијација на Универзитетот.

Google+