Универзитетот на Југоисточна Европа, претставуван од проф. д-р Хирије Абази-Алили, декан на Факултетот за бизнис и економија и Фискалниот совет на Република Северна Македонија, претставуван од претседателот д-р Глигор Бишев, во четврток (25.04.2024 год.), во Скопје потпишаа меморандум за соработка.
Преку овој Меморандум, двете страни ќе ги интензивираат меѓусебните односи во областите од заеднички интерес, вклучувајќи редовна комуникација, размена на податоци, како и учество во заеднички проекти.