Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Студентите на Правниот факултет на УЈИЕ ги освоија првите две награди на државните натпревари за симулирано судење

Студентите на Правниот факултет на Универзитетот на Југоисточна Европа, во петокот (12.04.2024), учествуваа на националниот натпревар на правните факултети во земјава и ги освоија првите две награди за две главни улоги на симулираното кривично судење - најдобар судија и најдобар јавен обвинител.

Групата студенти кои го застапуваа Правниот факултет на овој натпревар беа: Мери Марковиќ - судија, Гентијана Река - обвинител, Мартина Ристоска - адвокат, Денис Рушири - обвинет, Лиридона Узаири, Петар Петрески, Миран Ферати и Рилинд Рамадани – сведоци, менторирани од професорките Блерта Ахмеди и Арта Меро.

Правниот факултет на УЈИЕ неколку години по ред учествува на овие државни натпревари во конкуренција со други правни факултети од универзитетите „Гоце Делчев“, „Климент Охридски“, Државниот универзитет во Тетово.

Натпреварите беа организирани од ИДЛО, Амбасадата на САД во РСМ и правните клиники на присутните правни факултети.

Google+