Во понеделник (15.10.2018 год.), филантропот Лазим Дестани и преставниците на компанијата „Еколог интернешнал “, го посетија Универзитетот на Југоисточна Европа. Тој оствари средба со ректорот акад. проф. д-р Абдулменаф Беџети, на кого му честиташе за новата позиција – ректор на оваа важна институција на високото образование. На овој состанок беа разгледани можностите и формите на продлабочување на соработката од заеднички интерес.
На средбата беше нагласено дека соработката со бизнис-заедницата е стратешка цел на УЈИЕ. Во оваа насока, УЈИЕ и компанијата „Еколог интернешнал“ имаат многу области каде што можат да дадат свој придонес во корист на студентите и на заедницата воопшто.
