
Истражувачката работа на Илир Снопче во Нотингамсаката Про-п група е проследена со многу успешен резултат на Е. Зелманов, кој ја доби наградата која е еквивалентна на Нобеловата награда за математика (Fielc Medal). Исто така, треба да се истакне дека неговата истражувачка работа се разликува по самиот начин на сериозноста на математичкиот пристап и од новиот и актуелен развој.
Илир Снопче е роден на 30.08.1980 година во Гостивар. Уште од самиот почеток во училишните клупи беше наградуван повеќе пати на математичките олимпијади. Кулминацијата ја достигна на светската олимпијада за математика одржана во Букурешт, Романија(1999), каде го доби бронзениот медал. Тој дипломираше на Природно- математичкиот факултет во Скопје , со просек на оценки 10.00, со тоа што стана првиот студент во историјата на овој факултет со оваа просечна оценка. Во 2003 година ја доби наградата студент на годината на Универзитетот ,,Св. Кирил и Методиј” додека во 2004 се вработи како асистент во ЈИЕУ. Во јануари 2005, продолжи со последипломски студии во Бингемптон во Државниот Универзитет во Њујорк, каде во 2007 година магистрираше за да продолжи понатака со докторските студии кои се очекува набрзо да ги заврши. За три месеци (јуни - август 2009 год.) престојуваше како гостин на Универзитетот Готинген во Германија (најпознат математички универзитет во Европа), истражувајќи заедно со математичарите од највисок светски ранг.