„Првенствено соработката се очекува да се конкретизира во областа на предавањата и се очекува јапонски професори да доаѓаат и да предаваат на ЈИЕУ. Разговаравме соработката во иднина да се прошири и да помине на ниво на ректори и да вклучи и други области, опфаќајќи ги и заедничките истражувачки проекти“, вели деканот Фетаји.
Иницијативата за ваква соработка е значајна бидејќи овозможува размена на искуството на ЈИЕУ со другите познати светски универзитети а студентите придобиваат имајќи пристап до разни системи и образовни методологии, посебно од една земја и економија како што е Јапонија.
Факултетот за современи науки и технологии на ЈИЕУ и Одделот за компјутерски науки на Токискиот Универзитет наскоро се очекува да започнат конкретна соработка во сите области, рече деканот на ФСНТ, доц. др. Беким Фетаји, кој веќе е ангажиран како визитинг професор во овој јапонски универзитет.