Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Проф. Хасан Јашари доби меѓународна награда за најдобра презентација на Меѓународната конференција

Директорот на докторската школа на УЈИЕ, проф.д-р Хасан Јашари, доби награда за најдобра презенатација на Меѓународната научна конференција за општествени науки и уметности, која се одржа во Бугарија од 24 август до 1 септември 2015 година.

Проф. д-р Хасан Јашари доби награда за двата труда кои се објавени и индексирани од организаторот на Конференцијата.

„Општественото растојание и меѓуетничките односи во Македонија“ и „Општествените аспекти на квалитетот на урбаниот живот“ беа презентациите кои ги оцени комисијата на Конференцијата.

Целта на Конференцијата е да се создаде академска и професионална платформа со интердисциплинарен интерес меѓу уметностите и да се разменат идеи, да се продлабочи комуникацијата и да се промовира соработка.

Google+