Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Состанок помеѓу УЈИЕ – ЕВН за интегрираните студии

Состанок помеѓу УЈИЕ – ЕВН за интегрираните студии

Во среда (3 септември, 2014), претставници од компанијата ЕВН од Македонија реализираа посета на Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, каде што се сретнаа со ректорот проф. д-р Замир Дика.Претставници од Центарот за развој на бизнисот , Центарот за кариера и други претставници на Универзитетот исто така присуствуваа на состнокот.

Главната цел на посетата беше претставниците од ЕВН да се запознаат со најновите иновации на академската понуда на УЈИЕ, со посебен нагласок на интегрираните студии за што ЕВН изрази подготвеност за поддршка. Преку овие програми на студентите им се овозможува да се вработат во релевантната компанија.

На овој состанок тие исто така дискутираа за соработаката во однос на стажирањето на студентите и практичната настава каде, според претставниците на ЕВН во Македонија, студентите на УЈИЕ биле многу успешни. Според нив , нашите дипломци се вработени во различни сектори на компанијата, не само во Македонија но исто така и во седиштето во Виена.

Google+