Во четврток (12 јуни), високиот комесар на ОБСЕ за национални малцинства, Астрид Торс, го посети Универзитетот на Југоисточна Европа и оствари средба со директорот на Институтот за научни истражувања „Макс ван дер Штул“, проф. д-р Ветон Латифи.
Во текот на состанокот, комесарот Торс се информираше за работата на Универзитетот, историјата и идните развои како и за можноста за взаемна соработка.
Проф. Латифи ја истакна важноста за соработка со ОБСЕ и ја забележа досегашната поддршка од оваа организација, почнувајќи од Макс ван дер Штул, иницијаторот за основање на овој Универзитет.
