Со овој Договор на студентите на магистерски студии им се овозможува да се здобијат со двојна диплома.
Договорот за партнерство го потпишаа ректорот проф. д-р Замир Дика и ректорот на Универзитетот во Љубљана, проф. д-р Иван Светлик.
„Највисокото ниво на соработка помеѓу две високообразовни институции е да подготват заеднички студиски програми и таков е случајот со договорот помеѓу нашиот универзитет и Универзитетот во Љубљана,“ истакна ректорот Дика.
Ректорот Дика забележа дека Универзитетот во Љубљана е меѓу најдобрите 500 универзитети на светско ниво и со овој договор се предвидува и продлабочување на партнерството и соработката со овој универзитет и во други области.
Ректорот на Универзитетот во Љубљана, проф.д-р Иван Светлик изразија задоволство од посетата на УЈИЕ кој е универзитет со висок квалитет.
„ Со потпишувањето на овој договор ние даваме мал придонес не само на зајакнување на стандардите во високото образование туку и на билатералните односи помеѓу Македонија и Словенија,“рече ректорот Светлик.
