Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Кон блокчеин технологија - овозможување безжични мрежи

Презентацијата

Институтот „Макс ван дер Штул“ (МВДШ) срдечно ве поканува да присуствувате на презентацијата насловена „Кон блокчеин технологија - овозможување безжични мрежи“ од Менан Селими.
Менан Селими е новоименуваниот вонреден професор на Институтот „Макс ван дер Штул“ (УЈИЕ). Тој претходно бил постдокторски научен соработник на Универзитетот во Кембриџ.(https://www.cl.cam.ac.uk/~ms2382/). Тој има завршено докторски студии за дистрибуирано компјутерство (со почести) во Политехничкиот универзитет Каталонија во Барселона и Високиот технички институт во Лисабон и магистрирал по компјутерско инженерство од Универзитетот Сапиенца во Рим. Работел како инженер за истражување и развој во Ammbr startup (http://ammbr.com/), кој има за цел да изгради светска, безжична телекомуникациска мрежа користејќи блекчеин технологија. Неговите тековни интереси вклучуваат безжични мрежи, блокчеин технологија и еџ компјутерство. Тој има објавувано во академски конференции и списанија, а неговата работа е презентирана во седиштето на Фејсбук, на со0станоците на IETF, проектите на ЕУ: H2020 и FP7 итн.

Датум: 19. јуни (среда)
Време: 11:00 ч
Место: Салата за конференции на Институтот „МВДШ“ 304.10

Google+