Според вработените дипломирани студенти, 95,83% од нив се вработени со полно работно време, 1,56% се вработени со скратено работно време, 1,04% од нив се самовработени (сопствен бизнис), а 1,56% се на стажирање.
Од вкупниот број невработени студенти, 21,50% укажаа на тоа дека тие се невработени по избор, па така вистинските стапка на невработеност на дипломираните студенти од УЈИЕ се проценува дека е околу 29,52%.
За разлика од претходната година, податоците за оваа година покажуваат дека колку е поголем успехот (9-10), толку поголема е стапката на вработеност (57%). Дипломирани студенти со просек меѓу 6 и 7 имаат стапка на вработеност од 34,35%.
За тековната работа 10,93% од вработените разбрале од информациите кои произлегле од Центарот за кариера.
Гледано според сектори, податоците на овој извештај говорат дека во општиот број на вработените доминира приватниот сектор со 49,47%, а јавниот сектор учествува со 46,35%, додека 4,16 се вработени во други сектори.
Што се однесува до периодот на вработување, 26,04% се вработени пред да дипломираат, 10,41 во период 1-3 месеци по дипломирањето, 6,25 во рок од 4-6 месеци по дипломирањето, а во период од 1 година по дипломирањето се вработени 20,83%, додека 26,60% се вработени во тек на подолг период.