Професорите Бенџамин Китинг и Љуљзиме Камбери се добитници на наградата за најдобар проект од областа на наставата и учењето. Проектите беа оценувани од познатиот професор од Универзитетот во Лунд, Томас Олсон. Оваа награда се доделува вторпат.
Професорката Брикена Џафери е прогласена за истражувач на годината. Оваа награда се доделува за првпат на нашиов Универзитет и ќе биде традиционална.
Во текот на оваа недела беа одржани обуки за различни области како што се: управување со животната средина, услуга на клиентите, буџетско планирање, истражување, маркетинг и односи со јавноста и др.