Освен традиционалните студиски програми за новата академска 2012/2013 година, идните студенти ќе имаат можност да изберат и неколку нови студиски програми.
Меѓународна комуникацијае најновата студиска програма која ја нуди Факултетот за јазици, култури и комуникација за сите студенти кои сакаат да работат во меѓународни организации, дипломатски мисии, владини институции и во невладиниот сектор.
Факултетот за бизнис и економија оваа година ги нуди следниве студиски програми: Менаџмент и економија (во рамките на оваа програма, преку изборните модули студентите ја одредуваат насоката (менаџмент, маркетинг, финансии итн.), Информациони системи и менаџмент и најновата насока Агробизнис, преку која студентите се подготвуваат за бизнис во аграрот, но со користење на најновите методи на управување со бизнисот и агрикултурата.
Факултетот за јавна администрација и политички науки ги нуди следниве насоки: Студии за јавна администрација, Политички науки, Лидерство и младинска работа во заедницата.
Факултетот за современи науки и технологии за новата академска година ги нуди следниве студиски програми: Компјутерски науки, Информациски и комуникациски технологии (компјутерско инженерство)и Медиумска информатика.
Факултетот за јазици, култури и комуникација за оваа година ги нуди студискиве програми: Англиски јазик и литература, Германски јазик и литература, Албански јазик и литература и Меѓународна комуникација.
Правниот факултет ги нуди следниве студиски програми, и тоа: Студии по право и Студии по криминалистика и безбедност