Предавањето го модерираше Американската професорка по Уставно право Џудитан Скорфилд Мек Лаклан и студентите поставуваа многу прашања што беше доказ за нивниот голем интерес за предавањето.
Проф. Шасивари се осврна на уставните и на законските аспекти на претседателските помилувања во Северна Македонија, со фокус врз јуриспруденцијата на Уставниот суд како и можните меѓународни правни последици од претседателските помилувања од 2016 година пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур.
