Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Современи предизвици за мултикултурализмот и јазичната политика

„Современи предизвици на мултикултурализмот и јазичната политика“ беше темата на меѓународната научна конференција која се одржа во петок и во сабота (16 и 17 мај) , на која значителен број истражувачи од Македонија и од регионов ги презентираа своите трудови.

„Нашиот универзитет е добар пример за флексибилната употреба на јазиците и концептот на коегзистенција на различни култури. Иако, имаме искуство ние сепак се соочуваме со предизвиците, особено во однос на квалитетот на предавањето. Се надевам во текот на конференцијата ќе се најдат одговори за овие предизвици,“ рече ректорот на УЈИЕ, проф.д-р Замир Дика во неговиот поздравен говор.

„Темата на оваа конференција е важна не само за универзитетот туку и за самиот Макс ван дер Штул. Тој многу добро ја разбираше важноста на лингвистичката толеранција и културното разбирање . Следствено, Универзитетот ја зачува „флексибилната јазична политика “ според која комуникацијата е службена на било кој од трите јазици на Универзитетот албански, македонски и англиски јазик“ рече провостот проф.д-р Ендру Гудспид.

„Концептот на мултикултурализмот денес во главно ја покажува симултаната коегзистенција во одредено место. Сепак, мултикултурализмот во поширока смисла значи мирна коегзистенција на различни етнички, културни и религиозни групи на исто место“ рече Демуш Бајрами, истражувач за комуникации.

„ Ова е многу важен момент за научниот институт „Макс ван дер Штул“ затоа што ние сакаме да ги надминеме бариерите. На ова беше посветен и комесарот Штул, тој не зборуваше само за употребата на јазиците туку и за концепти како глобализација и мултикултурализам,“ рече проф.д-р Ветон Латифи и им се заблагодари на сите кои придонесоа за конференцијата.

Сите резимеа од конференцијата ќе се објават во Зборникот кој ќе служи како прирачник за истражувачите на оваа тема.

Google+