Почитувани,
Ве покануваме да учествувате на тркалезната маса на тема „Циркуларна економија во Северна Македонија - препораки засновани на лекциите научени од Словачка“, која ќе се одржи во вторник (10.10.2023 год.), со почеток во 14:00 часот, во конференциската сала во Ректорат.
На отворањето на тркалезната маса ќе се обратат: ректорот на УЈИЕ, Акад. Проф. д-р Абдулменаф Беџети, и амбасадорот на Република Словачка во Северна Македонија, Н.Е. Хенрик Маркуш.
Настанот е во организација на Фондацијата на Универзитетот на Југоисточна Европа и Центарот за Бизнис и Иновација, во рамките на проектот ко-финанциран од СловакАид.
За повеќе информации, погледнете ја Агендата.
Ве очекуваме!