Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Со дигитална трансформација до иновација

Инфо сесија - SEEU TechPark

SEEUTechPark - Тетово во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој и Швајцарија преку Програмата за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ, организираат инфо сесија за предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација”.

Настанот ќе се одржи на 09.02.2023 година со почеток во 11:00 часот, на Универзитет на Југоисточна Европа - Тетово, зградата на Ректоратот, сала за состаноци. Сите заинтересирани треба да го потврдат своето присуство на следната е-маил адреса: g.rafajlovski@seeu.edu.mk

На инфо сесијата ќе бидат презентирани деталите од предизвикот, критериумите и начинот на аплицирање од страна на претставници од ФИТР и Програмата за зголемување на пазарна вработливост – ИМЕ.

Предизвикот „Со дигитална трансформација до иновација” е наменет за мали и средни претпријатија од земјоделско – прехранбениот и туристички сектор. Целта е да се овозможи зголемување на иновативноства и конкурентноста на претпријатијата преку воведување на дигитални решенија кои ќе водат кон дигитална трансформација во нивното работење.

Вкупниот буџет на предизвикот изнесува 18.450.000 денари, а Фондот обезбедува финансирање до 70% од вкупниот буџет за проектот за микро или мало претпријатие, однсоно до 50% вкупниот буџет за проектот за средни претпријатија, во максимален износ од 1.845.000 денари.

Google+