Почитувани
Правниот факултет на 8 јуни 2022 со почеток во 9:30 часот организира Правна конференција која ќе се одржи во кампусот на Универзитетот на Југоисточна Европа во Скопје.
Теми на дискусија на оваа конференција ќе бидат „Психологија на убедување“; „Како да се подготвиме за директно испрашување“; „Вкрстено испрашување“ ; „Демонстрација на директно и вкрстено испрашување“.
Во последниот дел на конференцијата ќе организира панел дискусија на тема „Квалитетите на ефективен адвокат во судот“.
