Со задоволство ве покануваме на 15-тиот „Саем за кариера 2022“ во организација на Центарот за кариера на Универзитетот на Југоисточна Европа.
Саемот за кариера е настан кој обединува голем број компании, организации и институции со студенти и лица кои бараат работа. Веруваме дека Саемот за кариера 2022 ќе ви овозможи одлична можност да ја промовирате вашата компанија пред сите учесници и да се запознаете со идната работна сила.
Настанот ќе биде на 10.05.2022 година со почеток од 10.00 часот во Кампусот во Тетово.