Почитувани матуранти и студенти,
Оваа година, Правниот факултет - УЈИЕ го одбележува Меѓународниот ден на децата, преку разговор со матуранти и студенти во Кампусот на УЈИЕво Тетово.
Дискусијата ќе се одржи во вторник (1. јуни 2021год.) во 11:00 часот, во отворениот простор пред амфитеатарот„Ролф Дубс“(LH1). Студентите и матурантите ќе разговараат со професорките на Правниот факултет на следниве теми:
Доц.д-р Арта Селмани - Семејните права на децата - право на детето да го дознае својот генетски идентитет.
Доц. д-р Ведије Раткоцери- Децата како жртви на сексуална злоупотреба и педофилија.
Доц. д-р Блерта Ахмеди-Арифи- Детското престапништво во РСМ.
Бидејќи овие теми се предмет на дискусија за правата на децата на меѓународно ниво, Правниот факултет смета дека е потребно да се придонесе во оваа насока преку разговори за овие теми со младите.
Ве очекуваме!
