Институтот „Макс ван дер Штул“ (МВДШ) во соработка со Амбасадата на САД во Скопје, организираат вебинар на тема: „Претседателските избори во САД“. Предавањето ќе го одржи Ерик Елиот – лице за односи со јавност во Амбасадата на САД во Скопје.
Целта на овој вебинар е запознавање со претседателскиот изборен систем во САД, актерите и политичката култура во време на дигитализација.
Предавањето ќе се одржи во понеделник, на 02.11.2020 год. со почеток во 11:00 часот.
Вебинарот ќе можете да го следите преку линкот: meet.google.com/hug-kndj-ftp.
Ве очекуваме!