COVID-19 Information and Protocol

Login

Членовите на универзитетскиот кадар треба да ја употребат нивната Webmail сметка за да се најават на системот.

Универзитет на Југоисточна Европа
оживеј го знаењето!

Користење на ИКТ за поддршка на наставата и учењето во време на пандемија

Обука

Почитувани,

Универзитетот на Југоисточна Европа, Факултет за современи науки и технологии во соработка со Општина Брвеница, со цел да придонесе за подобрување на квалитетот на наставата и учењето во основните и средните училишта организира обука на тема „Користење на ИКТ за поддршка на наставата и учењето во време на пандемија“

Оваа обука ќе ги обработува темите од тековните ИКТ технологии и нивната употреба во управувањето со учење од далечина и учење преку Интернет. Учесниците ќе бидат обучени како да користат сегашни ИКТ технологии за управување со нивните предмети, како и обука за други колеги.

На крај на учесниците ќе им се обезбеди сертификат за присуство на обуката.

Обуката ќе се одржи во Тетово на кампусот на ЈИЕУ, објект 816.

Агенда

Контакт

Емаил: elc@seeu.edu.mk/

Тел: +389 44 356 050

Google+