Почитувани студенти и кадар
Министерството за информатичко општество и администрација, на 27ми јануари 2020 година (понеделник) , со почеток во 14.00 часот во Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово, во амфитеатарот 4 (Арбен Џафери), ќе ја одржи втората од серија јавни трибини на тема: „Дигитализација на јавните услуги“.
На трибината ќе се зборува за дигитализацијата на земјата, како и за нејзината улога во професионализирањето на јавната администрација.
За дигитализацијата на земјата ќе говори министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски и градоначалничката на општина Тетово, Теута Арифи.
Дополнително, на трибината ќе говори и проф. Азир Алиу од Факултетот за современи науки и технологии како претставник од академската заедница. Бизнис заедницата ќе ја претставува Бобан Милосавлески, од компанијата Алтиус Солушнс.
