Хелсиншкиот комитет за човекови права и Амбасадата на Кралството Холандија ве покануваат на втората проекција од овогодинешото издание на филмскиот фестивал “Movies that Мatter”, по повод одбележување на Меѓународниот ден на човековите права. Проекцијата во Теово ќе започне во 13:00 часот при Универзитет на Југоисточна Европа, на филмот Facing the dragon од режисерката Sedika Mojadidi. По проекцијата следи дискусија со професорката Беса Арифи, Џане Крешова - претседателка на Женски форум Тетово и Аделина Марку - новинарка. Модераторка ќе биде Тања Стоименовска од Хелсиншкиот Комитет за човекови права.
Документариот филм е одличен медиум за да ги прикаже и доближи состојбите и прекршоците на човековите права, како и борбата за истите во различни делови на светот преку јазикот на филмот, како и да отвори дискусија за различните акспекти на човековите права прикажани преку избраните филмови.
Се гледаме во четврток во 13:00 часот на Универзитет на Југоисточна Европа!